Кање Вест е под постојан надзор, лекарите стравуваат дека ќе се повреди


Раперот Кање Вест е под постојан надзор на лекарите, бидејќи се плашат дека ќе се повреди самиот себе.

И покрај натписите во медиумите дека Кање би можел да ја напушти болницата, познатиот рапер поради лошата состојба и понатаму е под интензивна нега.kanje1-640x360

Како што пишува магазинот „Пипл“, повикувајќи се на инсајдерски информации, Кање и порано имал различни подеми и падови, но ова сега е многу посериозно.

– Во болницата беше многу параноичен и е под постојан надзор поради сопствената безбедност – тврди неименуван извор.

И понатаму нема назнаки за тоа кога Кање ќе биде пуштен од болница – „Сè уште е таму бидејќи очигледно не е добар“.

Триесет и две годишниот рапер беше хоспитализиран минатата недела, само неколку дена откако ја откажа својата турнеја „Сент Пабло“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1