Груевски предупредува што и следи на Македонија ако ВМРО-ДПМНЕ не добие 63 пратеници


Веќе неколку пати ги повторувам работите со кантонизацијата, двојазичноста, федерализацијата. Го повторувам ова заради една причина- да не ни се случи грешка. Ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад, кога нешто ќе се направи од ваков карактер, ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, нема каење.gruevski-miting-skopje-640x332

Ова го истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица.

-Ви кажуваме многу отворено, многу јасно, што и следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Можеби некои од вас се разочарани од некои наши слабости, грешки, пропусти и ние сме живи луѓе и ние грешиме, но стратешки грепки немаме. Ќе се трудиме да ги поправиме, дабидеме подобри, да бидеме уште поуспешни, да имаме помалку грешки, помалку слабости, но ова е крупна работа, ова не е работа за некоја мала грешка, па ајде ќе гласам за ова па што сака нека биде. Се работи за Македонија, внимавајте, се работи за иднината на нашата заедничка татковина, истакна Груевски.

Да се фокусираме, додаде тој, на она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.

-Да се фокусираме на економскиот прогрес, на суверена, самостојан и независна држава, унитарна држава без кантони, држава со соживот… заеднички да одиме напред, да се отвораат нови работни места за сите граѓани на Македонија. Ние не ги делиме луѓето, сакаме на сите да им помогнеме, и досега беше така помагавме на сите. Бевме и ќе останеме еднакви кон сите. Но, јасно предупредуваме што и следи на Македонија ако ВМРО-ДПМНЕ не добие 63 пратенички места, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1