Син монструм: Ги распарчил родителите, бидејќи барале од него да се вработи


Тенеси го потресе незапаметеното злосторство во кое син ги масакрирал своите родители кои од него побарале да најде работа.
Шестчленото семејство се собрало минатата недела на вечера по повод „Денот на благодарноста“ во домот на родителите во Кноксвил во американската созујна држава Тенеси, бидејќи мајката и таткото, Џоел Гај и Лиса, за две недели планирале да преселат на планините во Сургоинсвил.15267886_974898989282165_334887595991010147_n

Откако трите ќерки, кои живеат во Тенеси, ги испратиле дома, родителите на 28-годишниот син Џоел Мајкл Гај Јуниор, кој инаку живее во Батон Руж во Луизијана, му рекле дека е време да се вработи, бидејќи тие повеќе немаат намера да го издржуваат. Кога Лиса во понеделникот не се појавила на работа, шефот се загрижил и повикал полиција.

Детективите на катот во заклучената соба пронашле куче, а распарчените тела на родителите биле насекаде низ куќата. Убиецот делови од телото потопил во раствор избелувач и хидроген пероксид. Наводно смесата ја направил сам, за да ги скрие трагите од страшното злосторство.proxy-4

„Доказите покажуваат дека несреќната брачна двојка жестоко се борела за живот со полудениот син. Местото на злосторството изгледаше страшно, а мирисот беше неподнослив. Форензичарите мораа да носат заштитни костуми, бидејќи во куќата не можеше да се дише“, соопштила полицијата.

Џоел Гај Јуниор го уапсиле во вторникот пред неговиот стан во Батон Руж. Против него е покренато обвинение за убиство со умисла. Наводно, откако ги ликвидират родителите, останал во куќата уште најмалку ден или два, со нивните унакажени тела.

Инспекторите мислат дека мотив за злосторството е нивната одлука да престанат да го издржуваат, и дека планирал со убиството на родителите да дојде до парите од нивното животно осигурување. Убиецот не бил казнуван, а лекарските картони покажуваат и дека немал никакви психички проблеми. Шокираните соседи го опишуваат како мирно и повлечено момче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1