Елтон Џон оди во пензија, за да им се посвети на сопругот и децата


Елтон Џон ланира да се прости од музиката во март, кога ќе го прослави 70-тиот роденден, за маскимално да му се посвети на семејството.

Славниот музичар вели дека сака повеќе време да поминува со сопругот Дејвид Фурниш и синовите Захари и Илај.bfb1afb3ed05fd0febaa2006a7409c50dfbae245

– Не сакам повеќе да излегувам од дома. Семејството ми е најважно. Ако не можам да бидам со синовите, не ни требаше да имам деца – изјавил пејачот.

Неговите пријатели велат дека и неговите соработници се согласиле со неговата одлука, особено поради тоа што Елтон во последно време и премногу се грижи за своето здравје. И тие сметаат дека дошло време да се пензионира и со семејството да поминува време во своите куќи во Франција, Лос Анџелес и Англија.

– Елтон сè направи и сè виде, повеќе не мора на никога да докажува ништо – рекол неговиот пријател за „Дејли мејл“.

Славниот музичар зад себе ќе остави богата кариера закитена со најпрестижни награди. Елтон Џон зад себе има пет „Греми“, еден Оскар, 3.000 концерти и 260 милиони продадени албуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1