ЕУ постигна договор со кој се овозможува укинување на визите за Косово, Грузија и Украина


Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа согласност за механизмот, со кој би се овозможило суспендирање на безвизниот режим во случај на потреба, а што беше неопходно да се донесе, пред да се овозможи укинувањето на визите за Косово, Грузија и Украина, изјави анонимен претставник на Советот на ЕУ, јави ТАСС.viza-630x376

По преговорите, кои траеја цела ноќ изутрината беше постигната спогодба со која што се става крај на внатрешните спорови во ЕУ поради кои досега беше блокирано воведувањето безвизен режим за граѓаните на овие три земји.

– Одлуката сега треба да биде одобрена на седница на Европскиот парламент, додаде претставникот на Советот на ЕУ.

– Ова е урамнотежен договор исклучително важен за ефикасноста и веродостојноста на политиката за визна либерализација на ЕУ. Сегашнииот суспензивен механизам не е соодветен и сега ќе биде подобрен, изјави словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак.

Тој додаде дека договорот ги отвора вратите за натамошен напредок во однос на визната либерализација со земјите, кои ги исполниле потребните услови.

Се уште не е објавено кога точно ќе бидат укинати визите за Косово, Грузија и Украина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1