Tри нови странски инвестиции во Mакедонија за 500 вработувања


Нови 3 странски компании ќе инвестираат во земјава. Инвестициите ќе отворат околу 500 работни места најави Груевски на социјалните мрежи.fabrika4

Индиската компанија Малхотра за производство на кабли и сурови материјали за автомобилската индустрија, ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик . За почеток ќе вработи 100 лица со понатамошни планови за проширување. Како што информира Груевски градежните активности ќе почнат во следните три месеци, а фабриката треба да биде готова до крајот на следната година. Ова е нивна прва инвестиција во Европа. Производството ќе се пласира на европскиот пазар што значи зголемен извоз и свежи средства во македонската економија.

Првичниот контакт и разговорите околу инвестицијата ги водел директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

Најголемата компанија за пререботка на тутун од Грција и втора на Балканот, во Крушево ќе отвори погон за преработка и откуп. “ Секе “ ќе отвори над 300 работни места пред се за жителите на Крушево и Прилеп. Инвестицијата е вредна 5 милиони евра. Сопственикот на компанијата посочува дека земјава со поволната бизнис клима, е навистина атрактивна дестинација за инвестирање.

Сега соработуваме со компанијата „Геинг“, тоа е техничка компанија од Скопје со која ги правиме планови за проектит што ќе ги завршиме следниот февруари и потоа ќе ја изградиме фабриката во Крушево. Оваа фабрика ќе обработува 5 тони на час, тогаш ќе ги вградиме машините, а потоа за 12 години ќе биде за 300 и повеќе, секоја година планираме да купиме повеќе од 4000 тони тутун“ –вели сопственикот на компанијата, Александрос Кондос.

Според Груевски покрај директните вработувања, инвестицијата ќе донесе и сигурен пласман за производството на тутунарите. Ќе заживеат Крушево како и прилепскиот регион, Могила и Новаци каде што тутунарите веќе ги имаат склучено првите договори.

Третата компанија која влегува во земјава е полската Лубринафт со богато меѓународно искуство во производство на хидраулични масла и други масла за подмачкување. Се работи за браунфилд инвестиција во Неготино која ќе отвори нови 100 работни места следната година.

Јас и мојот партнер имаме намера да инвестираме во Македонија. Веќе бевме во регионот, во Албанија, Црна Гора и други држави, но по разговори со претставници од Стопанската комора на Македонија, како и во соработка со Стопанската комора на Чешка и Словачка, се одлучивме да инвестираме и работиме во Вашата земја. Верувам дека во Македонија може да успее овој проект. Планираме во тек од една година да вработиме 100 луѓе и потоа во наредните години да ја зголемуваме таа бројка“ – вели инвеститорот Рудолф Јиржи Хорак.

Три инвестиции за нови 500 работни места и обезбедување на сигурност и стабилна егзистенција на 500 семејства од Скопје, Крушево и Неготино.

Додека другите се занимаваат со бомби, клеветења, навреди, создавање на кризи, кантонизации, ние отвораме нови работни места и ги решаваме проблемите на граѓаните. Тоа е она што им е потребно на граѓаните.

Груевски потенцира дека ваквите инвестиции се двигател на развојот особено кога доаѓаат во време на тешка политичка криза. Според неговите очекувања во следните 4 години со влезот на странските но и домашните компании ќе се креираат нови 70 000 работни места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1