Земјотреси со интензитет од околу 5 степени по Рихтер го потресоа Балканот. Најмногу се почувствуваа во Хрватска каде што е и епицентарот на потресот и во Босна и Херцеговина.
Републичкиот Сеизмолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на островот Чиово, неколку километри одалечен од Сплит.
Магнитудата е проценета на 5,0 и 5,1 а жариштетот на потресот било десет километри под површината на почвата.
Земјотресот, освен во Сплит, се почувствувал во цела средна Далмација, јавува хрватскиот портал „Индекс“.