Ова е датумот кога најмногу парови раскинуваат


Зимата е едно од најромантичните годишни времиња. Тоа е време кога се добиваат подароци, кога се празнува. Сепак истражувањата откриваат дека не е се толку убаво во љубовниот живот во зимските месеци.

Наводно, во пред новогодишниот период многу луѓе ги раскинуваат своите врски. Едно истражување открило точен датум кога доаѓа до разделба на паровите. Се работи за 11 декември.raskinuvanje

До тој заклучок истражувачите дошле со преглед на Фејсбук статуси, кои во денешно време се идеални за воочување на животните промени кај луѓето. Прегледани се статуси и објави за врските.

Истражувањето покажало дека луѓето најмногу контрола врз својот живот превземаат три недели пред Божиќ, а зошто е тоа така објаснува психологот Дори Лин. Таа тврди дека таквата ситуација е врзана за подарување на подароци.

-Интимниот чин на подарување ги принудува луѓето да ја прифатат реалноста, неадекватностите и довербата и да воочат каде се во целата приказна. Истиот феномен може да се воочи во Америка за Денот на благодарноста – вели Лин.

Сепак постои и добра вест, а тоа е дека по Божиќ можете да бидете сигурни во својата врска, со оглед на тоа дека Божиќ е време до кога паровите најмногу раскинуваат во текот на годината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1