На меѓународниот ден на борбата против корупцијата, во Виена, се доделени награди во конкуренција на светско ниво, во четири категории: научно истражување во областа на анти-корупцијата, иновации во областа на анти-корупцијата, младински придонес во анти-корупцијата и животно дело во анти- корупцијата.
Победник во категоријата за врвни научни достигнувања во научни истражувања во областа на анти-корупцијата е: Проф. д-р Миодраг Лабовиќ од Република Македонија. Конкурсот за наградата е организиран од Центарот за владеење на правото и антикорупција при Владата на Катар, под покровителство на ООН.
Наградите беа доделени лично од неговата висока екселенција Генералниот Секретарна ООН, Бан КИ Мун и неговата висока екселенција, Емирот на државата Катар, Шеикот Тамим Бин Хамад Ал Тани. Наградата е со финансиска вредност од 250.000 УСД долари.
http://aceaward.com/categories/views/4/anti-corruption-academic-research ) (http://www.unodc.org/unodc/en/frontpage/2016/December/international-anti-corruption-day-recognizing-excellence-in-combatting-corruption.html)