Во 6 часот во атарот на селото Богородица, на местото „Ѓубриште“ од страна на патролен тим на АРМ биле забележани две непознати лица кои илегално се движеле од Македонија кон Грција.
Како што пренесуваат од полицијата, лицата се дале во бегство на територијата на Македонија, при што фрлиле два ранци. Од страна на полициски службеници од полицијата на граничниот премин „Богородица“ во двата ранци биле откриени 14 пакувања марихуана со вкупна тежина од 14,5 килограми.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.