Собрание на 31 декември, Влада на 30 јануари


Неизвесно но не до бескрај. Течат роковите за организирање на власта. Иако математките се проблематични , решението е едноставно. До 31 декември треба да се конституира нов собраниски состав а до 30 јануари да се формира Влада.izbori glasanje

Претходно, доколку партиите не се задоволни од објавените резултати и решението на ДИК, имаат рок од 48 часа од завршување на изборите да поднесат приговор. ДИК е должна да донесе одлука 48 часа од приемот на приговорот. Ако и тогаш подносителот не е задоволен од исходот има право да се жали до Управниот Суд. Сите рокови за проговори завршуваат до четврток на полноќ.

Но независно од приговорите, рокот за конституирање на Собранието почнува да тече, од денот кога завршуваат изборите. Според Уставот, најдоцна 20 дена по одржаните избори се свикува конститутивна седница на Собранието со новиот состав.

Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21 ден од денот на завршувањето на изборите.

Што значи дека новиот собраниски состав ќе ја има првата седница на последниот ден од годинава.
Откако ќе се конституира Собранието, Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го довери мандатот за формирање на Влада на онаа партија која има мнозинство во парламентот. Мандатарот пак има рок од 20 дена да ги избере министрите, со што на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Со оглед дека ситуацијата е максимално комплицирана до последен момент се очекува да се прават комибнации за коалицирање. Доколку резултатите останат какви што се во моментов, се очекува претседателот Ѓорги Иванов мандатот за составување на влада да му го довери на ВМРО-ДПМНЕ. Владата треба да се состави најдоцна до 30 јануари. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1