Со шест гласа “За” и три “Против”, ДИК одлучи потписите на Фатиме Сулејмани да подлежат на графолошко вештачење за да се утврди дали таа или некој друг во нејзино име се потпишал на избирачкиот список. Вештакот комисијата ќе го избира со жрепка од списокот на овластени вештаци за графолошко вештачење.