Ќе се вештачи потписот на Фатиме која тврди дека во нејзино име гласал некој друг


ДИК повикале графолог од Министерството за внатрешни работи да го вештачи потписот на Фатиме Сулејмани, која тврди дека во нејзино име гласал некој друг.

Фатиме Сулејмани е жената која дојде да сведочи пред ДИК дека и било оневозможено правото на глас откако дошла да гласа, но било утврдено дека на нејзиното место во избирачкиот список веќе имало потпис. Ова го тврдат и членовите на Општинска изборна комисија во Гостивар од спорното избирачко место.dik-gostivar-640x250

Со шест гласа за и три против беше прифатен предлогот на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски потписот на Фатиме Сулејмани да биде даден на вештачење за да се утврди дали таа или некој друг во нејзино име се потпишал на избирачкиот список.

Ова е осмиот приговор на БЕСА и единствениот за кој Државната изборна комисија прифати да расправа, а дали ДИК ќе го уважи нивниот приговор ќе се знае откако ќе пристигнат резултатите од вештакот. За разгледување се` уште остануваат приговорите на СДСМ, а крајниот рок на ДИК за одлучување за приговорите истекува вечрва на полноќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1