ДИК: Ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце


Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, откако ИТ секторот на Комисијата направил симулација дека тоа може да влијае на резултатот, односно бројот на освоени мандати на партиите во Изборната единица 6 на парламентарните избори што се одржаа на 11 декември.dik-gostivar-640x250

Одлуката на ДИК, е донесена врз основа на член 151, став 3 од Изборниот законик гласањето да се повтори доколку тоа може да влијае на крајниот резултат, но и врз основа на вчерашната одлука на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

Прегласувањето ќе се врши на 25 декември 2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1