Германските власти распишаа награда од 100.000 евра за информација што ќе води до апсење на Тунижанецот, Анис Амри осомничен за нападот на божиќен пазар во Берлин.
По 24-годишниот Тунижанец е распишана потерница како главен осомничен за нападот во кој загинаа 12 луѓе и 48 се повредени.
Во полициски документи е наведено дека тој е висок 1.78 метри, тежина околу 75 кг со црна коса и кафеава боја на очите. Амри веќе бил под истрага во Германија поради сомневање за организирање напади.