Ариел Метјус (25) го загуби своето бебе Ронан само 11 дена по неговото раѓање. За да го зачува споменот на него, се одлучи на благороден гест: го донираше сето свое млеко.
-Испумпував големо количество млеко. Одлучив да го донирам зошто знаев дека моето дете нема да успее, признава таа.
Храбрата мајка донирала речиси 5 литри и така спасила 3 бебиња.
-Благодарение на мојот прекрасен син успеав да благословам три бебиња со млекото за него. Се чувстувам среќно зошто барем на овие бебиња им помогнав да останат здрави и среќни, вели Ариел.