Министерството за здравство со низа препораки за најавеното студено време


По најавите на УХМР дека во следниот период почнувајќи од петок па до понеделник Р. Македонија ќе биде во жолта фаза со температури под нулта, снежни покривки и леден дожд со препораки денеска се јави и Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство.pacient kniska zdravstvo

-На комисијата заклучивме веднаш да се известат сите здравствени установи, да имаат доволно кадар, лекови, санитетски материјал и сместувачки капацитети за евентуалено зголемен број на лица со штетни последни заради лошото време. Известени се и екипите на Итна медицинска помош низ целата држава да бидат доекипирани со повеќе екипи, возила, лекови, санитетски материјал. Известени се и центрите за Јавно здравје да направат кризни штабови со подрачните единици на ЦУК, Цревен крст, болниците , здравствените домови и да преземат мерки на своето подрачје, истакна Јованка Костовска државен советник во Министерство за Здравство.

Донесен е и заклучок патронажната служба во соработка со службите од МТСП , Црвен крст да ги посетат сите лица кои што живеат сами дури не започнал студениот бран и да им достават, храна, лекови, огрев. Ќе бидат лоцирани и сите бездомници кои ќе бидат сместени во кризните штабови.

Комисијата за превенција од штетни ефекти упати совети и до населението доколку немаат потреба додека траат поларните температури да не излегуваат од дома или доколку мораат тоа да го прават за краток временски интервал и од 11 до 16 часот. За да се спречат скршеници да се внимава на обувките кои се носат, а хронично болните навреме да си обезбедат терапија.

Доколку граѓаните имаат било каков проблем и има потреба од помош може да се јават на следните броеви: 194 ИМП, 195 Центар за управување со кризи и 3139578 на Црвен крст.

Костовска посочи дека во жолта фаза не е забрането работа на отворено, но упати предупредување до работодавците да внимаваат работата да биде во потоплиот период од денот, да не биде наутро и касно навечер. Работниците да бидат топло облечено и да прават паузи на секои 2 часа во топли простории со топли напитоци.

Бремените жени и хронично болните лица над 60 години ќе бидат ослободени од работа само доколку температурите достигнат до минус 20 степени под нулата.

Населението да биде спремно и да се избегнуваат патувања низ државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1