ФОТО: На тинејџерка првото патување во странство и се претвори во трагедија, загина во Истанбул


Израелската тинејџерка Леана Насер ги молела родителите и покрај нивното противење да ја пуштат да го посети Истанбул за Нова година.

Леана никогаш не била во странство, дури никогаш не го напуштила ни Израел. Тројца нејзини пријатели oделе за Истанбул на прослава на Новата година, а таа сакала да оди со нив.leana

Таткото на тинејџерката не ги послушал молбите на Леана да и дозволи да патува, но нејзината упорност наишла на разбирање кај тетка и Лајал Масарвех, која се согласила да се заземе за нејзината идеја празниците да ги помине во Истанбул.

18 годишната Леана имала големи планови за иднината, сакала да стане стоматолог, штедела за првиот автомобил.

Прва на листата желби на Леана била заедно со пријателите да ја прослави Нова година во Истанбул.

Заедно со 4 другарки Леана во новогодишната ноќ се упатила кон клубот Реина. Неколку часа пред полноќ објавила фотографија на Снепчет. Кратко потоа терористот упаднал во клубот и уби 39 луѓе. Никој не можел да ја пронајде Леана. Нејзините две другарки поминале без повреди, додека една се наоѓа во болница во стабилна состојба.screenshot_127

Наскоро Леана била пронајдена по нејзините лични предмети замачкани со крв. Таа починала.

Најголемо е каењето на нејзината тетка која се зазела Леана да патува во Истанбул, но доцна е за се!Нејзиното тело ќе биде испратено во Израел за да биде погребана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1