Актерот и режисер Никола Којо не крие колку е врзан со својата сопруга, а сега јавно на Инстаграм и упатил емотивна порака. Тој најчесто многу ретко излегува во јавност со неговата понежна половина, но овојпат се чини сакал на сите да им покаже колку ја сака.
– Ништо на овој свет не може да биде толку убаво како тоа што ти ми го даде. Твојата љубов во мојот живот внесе светлост и самата помисла дека си моја сопруга ме прави најсреќен на свет. Ти благодарам за се, напишал Којо под фотографијата со својата сопруга Александра.