Тажна Божикна приказна: 40 години чува накитена елка – еве зошто (Видео)


Откако два сина заминаа во војната во Виетнам, 89-годишниот старец се заколнал дека ќе ја тргне елката дури тогаш кога повторно ќе биде заедно со своите шест сина за Божиќ, но тоа никогаш не се случило.

Осушена, но се уште украсената елка стои од 1974-та година, ги чека шестмината браќа да се соберат во семејниот дом кај нивниот татко Нил Олсон.neil-olson-500

Со некое чудо, оваа елка се уште останала прекриена со иглички, а веќе 40 години наназад се наоѓа во дневната соба на Нил во Висконсин (САД). Ја накитил елката во 1974-та година кога двајца од синовите заминале во Виетнам.

Тогаш, овој 89-годишен старец се заколнал дека ќе ја тргне елката тогаш кога повторно синовите ќе бидат заедно во неговиот дом. За жал тоа никогаш не се случило.

-Иако многу елки не би издржале толку долго, сите иглички се тука и тоа со причина, ова е нешто натприродно, вели Нил, чии синови сега се во педесети и шеесети години, пишува британски „Мирор“.

Петмина синови живеат релативно блиску кај него и често го посетуваат во текот на празниците, но најстариот, кој е хендикепиран, живее во Вашингтон и речиси е невозможно да го посети својот татко.

-Можам да се обложам дека, ако моите синови се соберат, игличките во истиот момент ќе паднат од елката. Сега, таа е како мебел, или дури како член на семејството и никогаш не би можел да ја тргнам, вели Олсон кој верува дека го држи рекордот за најдолго накитена елка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1