Еве што НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ да правите на екстремно ниски температури!


Совети кои можат да ви го спасат животот доколку се најдете на отворено во ова студено време. Планинарските спасувачки служби советуваат да не конзумира алкохол, но и да носите слоевита потенка гардероба која може повеќе да ве стопли од еден џемпер.

Меѓу советите кои можат и тоа како да помогнат кога температурата оди во „длабок“ минус, е објаснувањето дека алкохолот ги шири крвните садови и само дава впечаток дека ви е потопло, а поради зголемената периферна циркулација на ладна крв од рацете и нозете попрво ќе го излади целото тело, па смрзнувањето ќе настапи многу порано отколку да не сте пиеле алкохол.

ladno2
Не треба да ги триете ладните раце и нозе со снег или било што друго, да ги ставате во топла вода или на топло место, бидејќи ќе дојде до оштетување на кожата.

Потребно е да ја соблечете мократа облека, и да облечете нешто суво и да се напиете топол и засладен напиток.

Кога станува збор за облеката, се наведува дека повеќе-слојна потенка гардероба е потопла од една дебела блуза, дека ни облеката ниту обувките не треба да стегаат бидејќи во спротивно ќе се спречи циркулацијата на крвта и ќе дојде до брзо ладење и смрзнување.

Надворешниот слој на облека треба да биде од материјал кој не пропушта ветер и влага, а идеално е тоа да е некој материјал кој овозможува телото да диши, за влагата од телото да се филтрира кон надворешната средина при што ќе спречи надворешната влага да влезе внатре…

Јакната треба да биде затворена околу вратот и на ракавите за топлиот воздух да не излегува надвор, а капа задолжително треба да носите и таа да ги покрива барем горниот дел на ушите, а добро е и јакната да има капа што може да се навлече преку капата одоздола.

Кога станува збор за движењето, се препорачува дека е потребно да пронајдете завет, и никако да не стоите на ветер.

Доколку тоа не може да се избегне, неопходно е да му свртите грб на ветрот, да ја навлечете капата од јакната дополнително покрај онаа другата, и да ги ставите рацете во џебови.

Темпото на движење по снегот не би требало да биде брзо за да не се испотите, но не ни пребавно за да не се изладите.

Потребно е да понесете со себе нешто благо – чоколадо, суво грозје или ако е можно термос со засладен напиток. Добро е да имате крај себе свеќа и запалка бидејќи таа може да ја подигне температурата во засолниште за неколку степени кои се најчесто одлучувачки во борбата за живот.

Доколку нема природно засолниште, најдобро е да ископате дупка покрај елка и исечете ги гранките од неа за да имате кај да седнете. Не се препорачува да се седи на снег или да се падне во сон, а добро е да имате и фолија од пластичен материјал кои се обложени со рефлектирачка материја, а кои служат да се задржи топлината.

Едно од многу корисните средства за повик за помош е и мобилниот телефон, кој се препорачува да се држи во џеб при вакви услови, бидејќи студот може побрзо да ја испразни батеријата.

Доколку се најдете заглавени во автомобил, не излегувајте

Се препорачува во џеб да имате – свеќа и запалка, свирче, батериска ламба, наполнет мобилен телефон, чоколадо или други слатки, џебен нож…

Од планинските спасувачки служби советуваат исто така доколку сте затрупани со возилото во снег, да останете во автомобилот, заштитени од ветрот бидејќи секогаш е полесно да се најде завеано возило отколку човек кој паднал во снежните падини.

Се подразбира дека на пат со автомобил никако не треба да тргате без зимска опрема, лопата, свеќи, запалка, вода, храна и ќебиња и нормално полн резервоар.

Морате да водите сметка и за тоа ауспухот да е слободен додека работи моторот, а возилото мирува, за да не дојде до гушење од јаглерод моноксид од издувните гасови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1