Замрзнатите улици досега повредија 139 граѓани


Во специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје за време на празниците се примени 105 пациенти со повреди предизвикани при пад на замрзнатите улици.led-2

– 105 пациенти се јавиле за празничните денови, 8 се хоспитализирни, најголем број се возрасни пациенти, но има и 10-12 деца. Доминираат повреди на раце и подлактица, потоа надлактица, колкови, контузии, повреди на скочниот зглоб – вели директорката Јасмина Чабуковска.

Во болницата биле згрижени и лица повредени во четири сообраќајќи што се случиле поради замрзнатите улици.

– Повредите беа полесни па пациентите се пуштени на домашно лекување – вели Чабуковска.

Во ургентниот центар на Хируршките клиники во Скопје од петокот до денеска се примени се 34 пациенти со скршеници, од кои осум се задржани на трауматологија, а другите се пуштени на домашно лекување. Најголем број од пациентите се повозрасни лица кои поради пат на лизгавите улици скршиле нога или колк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1