Амбасадата на Русија во Грција соопшти дека конзулот на Русија во таа земја, Андреј Маланин (55) починал во својот стан во Атина.
Конзулот не се појавил утрово на работа и не одговарал на повиците, пренесе „Прото тема“.
Полицијата дошла во станот и го пронашла конзулот мртов, а моментално се води истрага за причините за смртта.
Според првичните информации, конзулот починал од природна смрт.