Фетусот се пробил низ еден дел од мајчината матка и тука останал со денови.
Мајката (33) била бремена во 22 недела и на прв поглед се било во ред. Меѓутоа која направиле магнетна резонанца се утврдило дека ѕидот на нејзината матка бил широк само 2,5 сантиметри, и амиотичката кеса била прекратка, а стомакот и нозете на фетусот се излезени надвор од неа.
Жената веднаш е примена во болницата на Ангерс Универзитетот во Франција, а лекарите велат дека никогаш не виделе вакво нешто. Таа до сега имала пет царски резови, за кои докторите се сомневаат дека придонеле за слабеење на ѕидот на матката.
Овој облик на бременост е многу редок, и се нарекува руптуирана бременост и се случува во 5 од 1000 случаи кај жени кои претходно имале царски рез и може да претставува опасност за животот на мајката и на детето.
Во овој случај за среќа породувањето поминало лесно. Мајката родила 1,4 килограми тешко момче во 30.недела од бременоста.
По шест месеци детето е витално и во одлична здравствена состојба.