Рускиот авион во кои беше хорот Александров се урнал поради претовареност


Причина за падот на рускиот авион ТУ 154 во Црно море на 25 декември лани е претовареност и грешка на копилотот, тврдат руските медиуми, повикувајќи се на извори во Министерствотом за одбрана. Причините биле откриени по пречистување на податоците од црните кутии.nesrekja-ruski-avion-640x440

Авионот во кој се наоѓаа членовите на рускиот воен хор Александров, кои летаа за Сирија на прослава на Нова година, падна поради повеќе поврзани причини, објавуваат руските медиуми.

Податоците од црните кутии покажуваат дека авионот бил максимално оптоварен за време на полетувањето од Сочи, каде слетал на дополнување гориво.

Освен полните резервоари за гориво, товарниот дел бил наполнет до максимум. Како што утврдиле стручњаците, во третата минута од полетувањето на висиона од 450 метри, копилотот Александар Ровенски ги помешал командите и наместо да го повлече трапот за запирање, ги поместил деловите од положба на полетување. Поради тоа, авионот кој бил максимално натоварен почнал да ја губи брзината и висината при полетување и паднал, тврдат руските медиуми.

-Пилотите Роман Волков и Александар Ровенски во првите секунди биле збунети, но реагирале брзо и се обиделе да извлечат се од авионот. Меѓутоа, немало доволно визина и брзина за да можат да ја спречат трагедијата. Прво во површината на морето удрила опашката, а потоа и десното крило, по што авионот се распаднал, тврдат извори од руското Министерство за одбрана.

Пилоти кои летаат на ваков тип на авиони ја потврдуваат оваа можност. Велат дека командите за двата системи се наоѓаат една до друга, во горниот десен дел на кабината, над ветробранското стакло и можно е копилотот да не посветил доволно внимание и да ја поместил погрешната команда.

Руските медиуми наведуваат и дека една од можните причини е тоа што екипажот не минал обука за реагирање во критични ситуации.

– Во воената пилотска школа, што ја минале Волков и Ровенски веројатно не се обучувани за реагирање во критични ситуации на мала висина. Имало големи шанси да го извлечат авионот доколку тој не бил претоварен. Дека авионот бил претежок покажува и тоа дека прво удрил со опашката, тврдат извори од комисијата која ја истражувала несреќата.

Претставник на руското Министерство за одбрана, медиумските пишувања ги нарече измислици и гласини и дека не може ништо да се тврди додоека истрагата не биде завршена.

Според генерал мајорот Иван Конашенков, недопустливо е да се обвинува некој и да се измислуваат заклучоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1