Нивната приказна ги расплака сите: Не јадев само за да не ми гладуваат децата, докторите се чудат како сум жив


– За шест дена ослабев 12 килограми, а уште три кога се вратив од болница. Во болницата ме прашаа како сум издржал, бидејќи телото после пет дена гладување не издржува. До ова дојдов од мака и зборовите се залудни, вака ја започнува својата исповед Ненад Димитриевиќ (33) кој се одрекол од храна за да не гладуваат неговите две деца, жена и мајка.semejstvoovosiromashtija-98390

Тој за децата ќе се жртвува и ќе прифати секаква работа.

– Не можев да лежам во болница, таму да јадам и да ми е убаво и топло, а знам дека тие дома… Истата вечер кога ме прегледаа ме згрижија но јас излегов од болница, раскажува таткото.

Ова семејство живее од социјална помош од 13.000 динари. Повеќе од 5.000 оделе за струја, а остатокот не бил доволен за болната Зорица да си купи лекови.

Нова година ја дочекале со солзи на лицата, без струја која има е исклучена од 30. декември, а потоа соседите им излегле во пресрет и им дале кабли. Нивната мајка Зорица вели дек и било тешко кога мајсторите им дошле да им ја исклучат струјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1