Агентите бегаат, ЦИА се распаѓа поради Трамп


Паѓа моралот во ЦИА поради расправите на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп со американските разузнавачки служби.

Некои од агентите веќе ги потпишале оставките, пренесува Ројтерс.CIA-logo-500x358

Според зборовите на лица од една разузнавачка агенција, расте бројот на агентите постари од 50 години и со најмалку 20 години искуство кои веќе потпишале оставки, но не навеле датум.

-Веќе владее голема анксиозност поради очигледното потценување на нашата работа од страна на Трамп како и потценување на опасноста со која се соочуваме, кажал еден од агентите на разузнавачката служба.

Како што наведоа сегашните и екс официјални лица на американската влада, вообичаено е луѓето да ја напаѓаат ЦИА, но не е вообичаено тоа да го прави претседателот.

-Мислам дека е тоа рецепт за катастрофа, рече Даниел Бенџамин кој беше во одделението за борба против тероризмот во Белата куќа и Стејт Департментот за време на владеењето на демократите.

Трамп ги обвини политичките противници- и демократите и републиканците дека заедно ги создале непроверените тврдења кои го поврзуваат со Русија и кажа дека тој документ го составиле разузнавачките служби.

Шефот на Националната разузнавачка служба Џејмс Клепер изјави во средата дека материјалите кои беа објавени за Трамп немаат потекло од разузнавачките агенции но и дека немаат утврдено од каде потекнуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1