АМСМ информира дека на патниот правец Кичево – Охрид преку планискиот премин Пресека, поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила. Забранате е воведена во 17:45 часот. Забрана за движење на камиони од 19 часот е воведена и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села, и понатаму не е прооден за секаков вид на сообраќај.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонија пат.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.