Вук Јеремиќ ќе се кандидира за претседател на Србија


Поранешниот шеф на српската дипломатија и директор на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој Вук Јеремиќ изјави дека одлучил да се кандидира за претседател на Србија, бидејќи ја сака Србија и не може да се согласи таа да пропаѓа.

– Донесов одлука да ја поднесам својата кандидатура, бидејќи ја сакам Србија и не можам да се согласам со нејзината пропаст. Уверен сум дека заедно ќе можеме да го промениме овој деградирана систем и да создадеме достојна, суверена и развиена Србија, чии граѓани ќе бидат слободни, сигурни и самостојни. Земја во која не се шепоти, туку се зборува слободно и гласно, рече Јеремиќ, цитиран од радио Б92.jeremic

Во говорот на форум под наслов „Србија во 2017″ во Белград Јеремиќ рече дека ако биде избран, ќе биде претседател на сите граѓани, ќе се бори за една економски поразвиена Србија, за зголемување на извозот и личната потрошувачка.

Следните претседателски избори во Србија се очекуваат во текот на пролетта на оваа година. Меѓу потенцијалните кандидати за оваа функција се актуелниот претседател Томислав Николиќ, кој има право на втор претседателски мандат, и лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ. Медиумите не исклучуваат во претседателската трка да се вклучи и актуелниот премиер Александар Вучиќ, пренесува ТАСС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1