Меј: Британија нема да бара членство во еврозоната, но ќе се стреми за голем пристап до неа


Велика Британија ќе се обиде да воспостави ново, позитивно и конструктивно партнерство со ЕУ во текот на преговорите за напуштање, но Брегзит нема да означува членство во еврозоната, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј.

– Британија не сака да биде половина внатре, а половина надвор од ЕУ. Ќе се обидеме да обезбедиме што е можно најголем пристап до еврозоната, истакна Меј во своето обраќање пред Парламентот во Лондон, претставувајќи ја стратегијата на Владата за Брегзит.tereza-mej-premierka-640x294

Таа вети дека ќе се обиде да постигне силна и амбициозна зделка за слободна трговија со ЕУ.

Резултатите од преговорите за излез на Британија од Унијата ќе бидат внесени во Парламентот, а двата Дома ќе се изјаснат за конечниот договор, кој ќе го постигнат преговарачките делегации.

Меј вети дека граѓаните на ЕУ и понатаму ќе бидат добредојдени во Велика Британија, но Лондон ќе може да го контролира бројот на луѓето кои пристигнуваат од земјите-членки на Унијата.

– Успехот на ЕУ е во интерес на Обединетото кралство. Гласањето на Британците за излез од Унијата не значи отфрлање на заедничките вредности, ниту пак обид да и се наштети на ЕУ, изјави британската премиерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1