Маж е пренесен во болница откако се обидел да се запали пред хотел на новозибраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, во знак на протест против изборот на Трамп.
Полицијата соопшти дека полицаец го забележал човекот кој се обидел синоќа да се запали и повикал итна медицинска помош.
Мажот е пренесен во болница со сериозни повреди.
Локална телевизија објави видео инсерт во кој неидентификуван маж зборува дека протестира поради изборот „на некој кој е неспособен да го почитува Уставот“.