Сејфедин Резгуи, припадник на Исламската држава кој во јуни 2015 година во Тунис уби 38 лица, три пати пукаше и во Метју Џејмс, 32-годишен британец кој легнал врз својата вереничка за да и го спаси животот.
Иако тешко повреден, со обилно крварење, лекарите сепак успеаја да му го спасат животот.
Пред него беше долг и макотрпен пат до опоравување, но успеа, а приказната за младата двојка пред неколку дена доба и среќен епилог. Имено, Метју Џејмс и неговата вереничка Сара Вилсон (28) пред олтарот го кажаа судбоносното да и така ја крунисаа долгогодишната врска од која веќе имаат две деца.
-Ова е ново поглавје. Сите велат дека на денот на венчавката се венчаваш со најдобриот пријател. Но јас се омажив и за својот херој, вели Сара по венчавката.
Иако нивната приказна е среќна, со последиците од нападот се борат секој ден.
Освен што Метју секојдневно трпи силни болки поради куршумите кои му го повредија градите, рамото, стомакот и ногата.
По нападот во Тунис за се секогаш говорам дека сум најсреќниот човек на светот. Животот е голема борба и трпам големи болки, рече Метју.
Сето тоа барем за кратко исчезна во моментот кога неговата вереничка тргна кон олтарот.
-Кога ја видов, очите ми се наполнија со солзи, но не можев да го тргнам погледот од неа, заклучи тој.