ВНИМАВАЈТЕ: Жолтата лента е строго за автобуси!


Во развојниот план за јавен превоз на патници за периодот од 2017 до 2019 година Град Скопје, меѓу другото, предвидува повторно актуализирање и почитување на сообраќајните ленти наменети за јавниот превоз, таканаречени жолти ленти, со можност за нивно физичко одвојување со помош на делинеатори.sneg ulica partizanska

– Одвојувањето на сообраќајната лента е направено со помош на жолта боја и е наведено дека по потреба лентата ќе се одвојува и физички со помош на делинеатори. Тие би биле исти или слични на оние што се користеа во минатото. Режимот на сообраќај по ваквите ленти би се организирал и користел во временски интервали, и тоа наутро од 6 до 9 часот и попладне од 13 до 18 часот. Во останатиот период од денот како и во деновите сабота, недела и за време на државни празници ќе може да ги користат сите учесници во сообраќајот. На одредени сообраќајници ваквите ленти ќе им бидат резервирани 24 часа на возилата што вршат јавен превоз на патници – објаснија од Градот.

За физичко одвојување на автобускиот од останатиот сообраќај во Скопје се размислува одамна како еден од начините да се овозможи брз и ефикасен превоз. Потребата е поради несовесното однесување на останатите возачи кои не им даваат предност на автобусите или застануваат и се паркираат на крајните коловозни ленти.

Физичко одвојување на крајната лента беше направено во март 2009 година кога градската власт постави пластифицирани гумени жолти пречки на двете страни на првиот дел од булеварот Партизански одреди.

Но, многу бргу се покажа дека возачите на лесни возила воопшто немаат намера да ги почитуваат. Тие возеа преку нив со цел да се паркираат на тротоарите, а не ги почитуваа нити дел од автобусите, кои не влегуваа во крајната десна лента, туку симнуваа и качуваа патници сред булеварот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1