Од први февруари сегашните електронски билети од 150 денари со пет гратис возења ќе се купуваат по иста цена, но ќе имаат две возења.
Ова е новата промена на ЈСП и доаѓа по големата побарувачка на електронските картички, поради тоа што граѓаните по искористувањето на 5-те возења ја фрлале картичката место да ја надополнуваат.
Она што е многу важно за граѓаните е дека цените на билетите нема да поскапат.
Утринава гостин во вестите на ТВ Нова беше Игор Јанушев, директор на ЈСП Скопје.