Скопјанка се породи во автомобил пред Kлиниката за гинекологија


Помлада скопјанка се породи завчера околу пладне во автомобил и на само неколку метри од влезот на Kлиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.klinika-za-ginekologija

Трудницата успеала да стаса до пред Kлиниката со автомобил што го управувал, најверојатно, нејзиниот сопруг, но наместо во родилна сала, бебето не можело веќе да чека и се родило на задното седиште од автомобилот.

Ова не е првпат, пред само две недели уште една трудница од Скопје се породила во такси-возило кое ја носело на породување – за Дневник велат вработените на Kлиниката.

Во родилната сала веднаш бил применет протоколот за породување во вакви случаи и биле преземени сите мерки за безбедност и на родилката и на бебето, кои  се во добра здравствена состојба. Таму била пресечена и папочната врвца.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1