Сметководителите се во паника, паднаа серверите на УЈП


Голем број сметководители од Македонија се во паника, бидејќи не можат да ги пријават даноците на своите клиенти, рок кој истекува денес. Тврдат дека Управата за јавни приходи навремените не презела технички мерки да ја надогради веб-апликација каде се пријавува данокот, па така таа веб страна од вчера постајано е блокирана или мрежата „паѓа“.ujp

Сметководителите на фејсбук групата „Здружение на сметководители“ пишуваат дека до вчера утро околу 8 часот пријавувањето било без проблеми. Но, набргу ситуацијата се сменила и не можело повеќе електронски да се испратат даночните пријави. Тврдат дека и ноќеска се обидувале да пратат пријави, но не успеале. Постојано страната „паѓала“.

Во еден од коментари се вели:

„Може ли некој денес нешто да реагира за крајниот рок за ДДВ до 25 јануари, а два дена серверот и страната на УЈП не функционираат. Ова е страшно сите молчат, а денес се сликаат со нови даночни обврзници кои ги ставиле во семејството на големи обврзници.

Во меѓувреме нема известување од УЈП за проблемот. Дел од сметководителите тврдат дека на сајтот на Институтот за сметководители имало соопштение дека поради овој технички проблем на УЈП рокот ќе бил продолжен до 28 овој месец.

plusinfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1