Македонската полиција го уапсила српскиот државјанин Л.Д. (30) кој бил баран преку Интерпол за извршено убиство пред десет години во шпанскиот град Аликанте, дознава Плусинфо.
Убиството било извршено на 22 октомври 2007 година, а жртва бил 25-годишен државјани на Индија. Причината за убиството била кавга за девојка. Во тој инцидент тешко бил ранет и братот на убиениот. Според Интерпол, српскиот државјанин користел четири лажни идентитети.
Plusinfo.mk