Деца го мачеле со недели – Мајката го пронашла обесен во куќа, еден траг открива се


Момче (11) е пронајдено обесено во својата куќа, три недели откако тргнало на училиште и пишувало домашни работи на другите ученици за пари.asad-khan-decak-se-obesio-620x350-100704

Асад Кан го пронашла неговата мајка откако насилно влегла во неговата соба на 28 септември минатата година во Бредфорд. Вчерашни податоци на истрагата наведуваат дека била вознемирена поради тоа што сметала дека домашните работи кои ги пишувал на другите ученици довеле до негова смрт. Се сомневаат дека Кан бил злоставуван две недели пред да се самоубие.

Детето кажало дома дека пишува домашни за некој кој му дава пари. Неколку негови пријатели веруваат дека бил злоставуван пред смртта. Полицијата пронашла уште една трага која наведува дека детето било претепано во училишниот двор неколку часа пред смртта.

– Видов како се предаде, плачев и врескав по помош, се молев на бог да продише. Потоа ги гледав лекарите со надеж, но тоа не се случи – ја опишала мајката смртта на својот син.

– Болка, беспомошност. Зошто некој би го злоставувал? Беше безопасен, никогаш не излегуваше од домот без бакнеж – завршила несреќната мајка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1