Бебе почина од труење со алкохол, мајката го доела пијана


Мајка ќе одговара за смртта на својот син, откако е утврдено дека бебето починало од труење со алкохол. Надлежните од рускиот град Прокопјевск утврдиле дека труењето било предизвикано од мајчиното млеко и дека мајката го доела пијана.doenje2

Истрагата утврдила дека мајката во текот на денот испила околу два литри пиво, го надоила синот и го ставила да спие. Утрото детето не покажувало знаци на живот, по што повикала брза помош, но лекарите само констатирале смрт.

Испитувањата на судска медицина покажале дека момчето починало од труење со алкохол, 26-годишната мајка ќе одговара пред судот за убиство од небрежност, за она што и се заканува казна од две години затвор.

Мртвото момче било трето дете во семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1