Разрешен раководен тим во Стејт департментот


Тим од високи претставници на Стејт департментот денеска се разрешени, бидејќи не сакаат да останат на тие функции во ерата на Доналд Трамп.

Тие, пишува Вашингтон пост, не сакаат да работат во администрацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.stejt department

Во групата се и потсекретарот Патрик Кенеди, двајца помошници секретари- Џојс Бар и Мајкл Бонд, како и раководителот на секторот за мисии, Гентри Смит.

Новоименуваниот прв дипломат Рекс Тилерсон, доскорешен претседател на нафтената компанија „Ексон-Мобил“ се уште очекува да добие потврда на своето именување од Сенатот на САД.

Според американската практика, после изборите доаѓа до редовно менување на раководниот состав во Министерството.

„Вашингтон Пост“ оценува дека Тилерсон сега се соочува со ситуација, да го пополнува Стејт департментот со свои луѓе не само во првите ешалони на министерството, туку и во секторите каде ако и доаѓа до смена на лугето, тоа се прави многу подоцна, откако ќе им се обезбеди соодветна замена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1