Шестмина тинејџери пронајдени мртви во колиба во Германија


Шестмина тинејџери вчера биле најдени мртви во колиба во близина на германскиот град Арнштајн, во покраината Баварија, соопшти локалната полиција, цитирана од ДПА.policija germanija nokj

Групата тинејџери, на возраст меѓу 18 и 19 години, претходната вечер заминале во колибата на забава. Таткото на двајца од тинејџерите, кој бил сопственик на колибата, вчера отишол до колибата загрижен што тие не му се јавиле утрината на телефон.

Во дрвената барака тој ги пронашол безживотните тела на синот и ќерката, како и и на четворицата нивни другари.

Полицијата не ја утврдила причината за трагедијата, но не открила ниту докази за извршено злосторство.

Во колибата имало печка на дрва, која била запалена, и иследниците не ја исклучуват можноста за труење со јаглерод моноксид

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1