Познатиот холивудски актер Антонио Бандерас примен е итно во болница поради проблеми со срцето.
Светските медиуми јавуваат дека актерот почувствувал силна болка во градите, по што итно бил хоспитализиран. Тој е сместен во болница недалеку од својот дом.
Инаку, Антонио Бандерас има 56 години и од неодамна живее со партнерката во Британија.