Од трудовиот инспекторат денеска извршиле контроли за пушење во општина Тетово, каде градоначалничка е Теута Арифи, потпретедателката на ДУИ. тројца инспектори без најава влегле во канцеларијата на секретарката на општината, објави 24 Вести.
Од општината велат дека ги поддржуваат инспекциите кои се согласно законот.
Најава за инспекциска посета добиле и од општина Чаир, каде градоначалник е Изет Меџити, исто како и Арифи, потпретседател на партијата на Али Ахмети.
Претходно финансиска полиција ја „тресеше“ и општина Гостивар каде градоначалник е третиот потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта.