Трагедија во Скопје. На 30.01.2017 година во 17.30 часот од ЕИК Скопје е известено дека во 11.30 часот С.П. (41) од Скопје, која била бремена во осми месец, и се слошило и почнала да крвари.
До доаѓањето на екипата од Итна медицинска помош, истата сама се породила во својот дом. Од страна на лекар била констатирана смрт кај женското новороденче, а С.П. била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.