Откако беа обелоденети скандалозни информации за психо-физичкото злоставување во касарната во Пфуледорф (германска покраина Баден-Витемгерг), суспендирани се седум војници, кои ќе бидат неодложно исклучени од војската.
Војници со часови биле врзани за столици и поливани од црева, регрути кои биле присилени да се соблечат пред другарите, а потоа им ставале завои во анусите и сето тоа го снимале… Во петокот вечерта на сајтот на весникот „Шпигл” објавен е напис за скандал поради сексуално насилство, мобинг и понижување на војниците.
Главниот инспектор наредил покренување на неколку дисциплински постапки и преместување, меѓу другото на командантот на касарната во Пфулендорф, полковникот Томас Хајнрих Шмит.
Министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен изјави за „Билд ам зонтаг” (BamS): – Настаните во Пфулендорф се целосно неприфатливи и на најлош можен начин ги кршат принципите на внатрешното управување.
Според информациите на „BamS” се работи за курс под името „Combat First Responder”, наменет за дополнителна обука на припадниците на санитетските единици. Обуката трае три недели и опфаќа 170 часови.
Ана Штрунц (редакцијата на „BamS” го промени нејзиното име), командир, која според информациите на весникот и денес е стационирана во Пфулендорф, имала можност да ги види бесмислените вежби, мотивирани од сексуални пориви. Како што дознава „BamS”, таа во есента 2016 година за сето ова го известила Министерството за одбрана.
Набрзо потоа, во октомври минатата година и нејзината мајка пратила писмо на Ханс-Петер Бартелс, пратеник за надлежни прашања за војската. Потоа специјалната комисија ја истражила состојбата во касарната.
– Понижувачките сексуални дејствија од сексуална природа не можат и не смеат да имаат никаква врска со воената обука. Тие се забранети и претпоставените треба да ги спречат и казнуваат. Истото се однесува на т.н. „ритуали при прием” меѓу припадниците на единиците кои подразбираат злоставување – рече Бартелс за „BamS”.
Поради што војниците морале да се соблекуваат во текот на обуката за припадници на санитетот?
Неименуван војник, кој е во елитната касарна во Пфулендорф посетувал неколку различни курсеви и тврди дека не видел такво насилство, рекол за BamS:
– Порано постоел т.н. „No Piss, No Shit” зафат. Ако војникот е ранет во заседа во која е користен експлозив, може да се случи да има повреден сфинктер, а тоа се проверува така што со рака се поминува преку внатрешните страни на бутовите. Се сеќавам на жените регрути кои под униформата носеа хеланки, никој да не ги допира по гола кожа.
Друг регрут признава дека праксата на ректално внесување на тампони и завои звучи бизарно.
– Меѓутоа, се случува во тек на ударен бран да се повредат органи, на пример цревата и да дојде до внатрешно крварење. Тогаш на повредениот војник на терен некогаш е потребно да му се аплицира т.н. ректален тампон, или еден вид на завој – наведува тој.
Меѓутоа, во Пфулендорф вежбите очигледно се излезени од контрола.
Бундесверот во меѓувреме го вклучи јавното обвинителство во Хенинген и поднесе кривични пријави против неколку војници. Како што се наведува, се сомнева на кривични дела за лишување од слобода, нанесување на опасни физички повреди, примена на насилство и принуда.
– За војниците во Пфулендорф тој скандал во овој момент значи голем проблем, посебно за претпоставените, кои важат за првокласни воени учители. Меѓутоа, јасно е и следното: Службената контрола потфрлила. Нов почеток ќе биде неминовен – вели надлежниот за прашања за војската во Бундестагот, Ханс-Петер Бартел.