Американските власти задржале петгодишно момче цели пет часа на аеродром во Вашингтон, бидејќи „претставувал закана“, а наводно му ставиле и лисици, јави Си-Би-Ес.
Момчето на аеродромот во Вашингтон се одделило од мајката, а властите „го уапсиле, бидејќи претставувал закана“.
Момчето е американски државјанин, кој живее во Мериленд и е само една од повеќето лица, задржани на аеродромите поради указот на претседателот Доналд Трамп за мигрантите.
Кога повторно ја видел мајка му, која е по потекло од Иран, цврсто ја прегрнал.
На прашањето за тој случај портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер застана во одбрана на одлуката на Трамп за забраната за влез на муслимани во земјата, а ја одбрани и постапката на службениците во тој случај.
Тој изјави дека мора да се провери дали децата се со родителите или не.
– Да се претпостави дека некој не е закана само поради неговата возраст или пол е погрешно, додаде Спајсер.
“Да се претпоставува дали е некој закана само поради неговите години или пол би било грешно”, рекол тој.
Трамп во петокот потпишал извршна регулатива за имиграција со која државјаните од седум држави – Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија – нема да добиваат визи во наредните 3 месеци, додека на сириските бегалци им е забранет влезот на неодредено време.