Изутринава војници и полицајци во обезбедување на Лувр отвориле оган и раниле едно лице кое се обидело да влезе во Лувр во Париз. Според сегашните информации, станува збор за обид за атентат, бидејќи напаѓачот се обидел да влезе во Лувр со торби, околу 10 часот. Кога војниците и полицајците побарале од него да го отвори торбите за контрола, тој извадил нож или еден вид сор, и се обидел да нападне еден од војниците, при што војниците истрелале пет куршуми.
-Тој им се приближи на полицајците и војниците кои беа на обезбедување, извикувајќи „Алах Акбар“ Најблискиот војник до него стрелаше за да се одбрани наспроти нападот. Притоа, еден од војниците е полесно повреден во главата. Војникот истрела пет куршуми, серизоно повредувајќи го напаѓачот со еден куршум во стомакот.
Напаѓачот е жив, но во тешка здравствена состојба.
Something is going down at The #Louvre 30 National Police vehicles with guns drawn pic.twitter.com/kpLTCtVdZN
— VoiceB0xx (@voiceb0xx) February 3, 2017
По проверката на содржината на двете торби кои ги имаше на грбот ние констатиравме дека нема експлозив и закана, по што е ослободен периметарот за судската полиција која започнува истрага под надлежност на обвинителот,“ изјави префектот на Париз Мишел Кадо.
Околината на Лувр беше блокирана од страна на многу полицајци под целосна опрема, а беше затворена и метро станицата Порт Ројал на линијата 7.
Веднаш по нападот околу двеста посетитетли на музејот беа евакуирани внатре во музејот се додека теренот не беше безбеден.