Веста дека малиот Ноа има рак беше објавена во ноември минатата година. Од тогаш славните родители Луисана Лопилато и Мајкл Бубле се максимално посветени само на нивниот три годишен син Ноа накој му беше дијагностициран рак на црн дроб.
Но, конечно пристигнаа прекрасни вести за нивното семејство.
Малиот Ноа го победи ракот!
-Се изборивме со болеста и ракот веќе го нема. Ноа сега се опоравува, а ние сме многу среќни поради тоа. Кога ќе бидат подготвени неговите родители сигурно ќе ви раскажат се, изјави неговата тетка, нутриционистот Даниела Лопилато.