Најскапо продадениот стан во земјава лани чинел 425 000 евра. Станот е на површина од 225 квадрати и се наоѓа во општина Центар. Додека пак највисоката регистрирана купопродажба минатата година, е деловен простор кој е продаден за 4.1 милион евра.
Надлежните информираат дека во 2016 се регистрирани речиси 17 000 продажби на недвижности со вкупен промет од речиси 490 милиони евра. Додека пак од кирии, од пријавени станари, сопствениците земале 2,4 милиони евра.
– Што се однесува до становите, највисока трансакција е регистрирана во месец јули, во општина Сопиште. Се работи за продажба на станбена зграда како целина, со површина од 6.397 квадрати со цена од 1.703.434 евра. Најниската трансакција во текот на 2016 е регистрирана во месец Јуни во Охрид, информира директорот Трпески.
Целта на Регистарот на цени на недвижности е да обезбеди транспарентни податоци за пазараната вредност на недвижностите.
– Во Штип е регистриран најевтиниот стан. Таму сопственикот станот од 72 квадрати го продал за само 2000 евра. Општината го проценила истиот на 15 000 евра.
Лани цените на недвижностите беа стабилни, со благ пад во некои општини.
За наредниот период имајќи ја во предвид зголемената градежна активност а намалената побарувачка , Катастарот очекува благ пад на цените на недвижностите.