ДЕТАЛИ: Детето кое се бори за живот удрено со дрво по глава во депонијата Буково


На депонија „Буково“ кај магистралниот пат Охрид-Ресен, С.Ѓ.(40) од охридското село Велгошти, вработен во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, како чувар на депонијата, вчера попладне при сечење на буково дрво повредил малолетно лице (родено 2005 година) од Битола.police-lenta-500

Според сознанијата на СВР Охрид, малолетникот заедно со неговиот татко, престојувале во шатор на депонијата „Буково“ каде С.Ѓ. вршел сеча на дрва.

-Притоа, дрвото кое тој во моментот го сечел со моторна пила, паднало врз шаторот и го удрило малолетното лице во пределот на главата, од што малолетникот се здобил со фрактура на главата. Тоа, веднаш со возило на Брза медицинска помош од Ресен било пренесено во болницата во Битола, но поради сериозноста на повредите и животно загрозувачка состојба, малолетникот е префрлен во Клинички центар Скопје, информираат од полицијата.

На местото на настанот од страна на СВР Охрид и јавен обвинител извршен е увид, а по наредба за претрес од страна на судија на претходна постапка Охрид извршен претрес во домот на С.Ѓ. (40) заради пронаоѓање предмети што С.Ѓ. го поврзуваат како можен сторител на казненото дело „предизвикување општа опасност“.

По целосно завршување на активностите поврзани со казненото дело, СВР Охрид против С.Ѓ. ќе поднесе соодветна кривична пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1